изживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине нешто во животот.
Примери:
Некои луѓе меѓу нас уште не го изживеале националниот шовинизам.
испоминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине преку големи проблеми.
Примери:
Не знаеш што се испоминал тој изминативе години.
навасаат
Вид збор: Глагол, свршен
совлада, надвие
Примери:
Пет души не можеа да го навасаат.
надбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Победи во бој, во борба.
Примери:
И по три дена силни борби никој не можел да надбие.
надвијат
Вид збор: Глагол, свршен
Победи, совлада, надвладее.
Албански:
ngadhnjej, mposht
Примери:
Не можеше да го надвие чувството на разочарување.
надминат
Вид збор: Глагол, свршен
превозмогне, преодолее
Примери:
Ги надмина cите тешкотии.
надолат
Вид збор: Глагол, свршен
надвие, совлада
Примери:
Или мене тој или јас него ќе го надолам.
(се) напратат
Вид збор: Глагол, свршен
Се навикне, добие навик да прави нешто (обично непожелна).
Примери:
Се напрати од кој било да бара пари назаем.
повасаат
Вид збор: Глагол, свршен
надвие, совлада
Примери:
Оти жена не може лесно да поваса маж!
повасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пребродат
Вид збор: Глагол, свршен
Надвие, победи нешто.
Примери:
Пациентот добро ја преброди операцијата.
превозмогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Преброди, надвие, надрасне нешто.
Примери:
Тој се труди да ги превозмогне предрасудите на своето време.
премавнат
Вид збор: Глагол, свршен
совлада, надмине, отстрани
Примери:
Сите пречки се премавнати.
премостат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине, совлада, преброди тешкотии.
Примери:
Ги премостивме проблемите.
скршат
Вид збор: Глагол, свршен
Надвие нешто, победи.
Примери:
Го скрши отпорот на противникот.
совладаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се справи со пречки, надвие тешкотии и сл.
Примери:
Успеа да ги совлада сите пречки.
обземе, опфати
Примери:
И него го совлада сонот.
форсираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Совлада, совладува некоја природна пречка.
Албански:
kapërcej, mposht
Примери:
Ја форсираа реката.